ДИМИТРИЈ

ДИМИТРИЈ (1205 – 1227) – син на Бонифациј Монфератски, владетел на Солунското Кралство (1207–1224). Поради малолетноста владеел со регенти (во 1209 г. латинскиот цар Хенрих Ⅰ го крунисал за крал). Пред опасноста од епирскиот владетел Теодор И, отишол во Италија кај папата Хонориј Ⅲ (Солун бил ставен под негов протекторат) и кај царот Фридрих Ⅱ за да собере војска (1220) со која од Бриндизи (1223) се истоварил во Тесалија (1224). Поради зараза кај војската се вратил во Италија, каде што и починал. ЛИТ.: Д. М. Ницол, Тхе Деспотате оф Епирос, Оџфорд, 1957; К. Аџиевски, Македонија во првите години по формирањето на Латинското царство (1204–1207), ГЗФФ, 8 (34), Скопје, 1982, 25–37. Б. Петр.