ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ, СВЕТИ

ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ, СВЕТИ (Солун, Ⅲ в. – 26. Ⅹ 306) – општохристијански светец, култен заштитник на градот Солун. Хагиографската легенда раскажува дека тој бил син на управник на Солун. По смртта на татко му, од римскиот соимператор Максимилијан бил поставен за управник на градот и да ги прогонува и да ги убива христијаните. Спротивно на тоа, тој ги поддржувал и самиот го проповедал христијанството и за солунчаните станал нов апостол Павле. Бил затворен, прободен со копје и усмртен. Подоцна солунчаните му изградиле мала црква на местото каде што бил заИкона на Св. Димитриј Солунски, црква „Св. Никола Геракомија”, Охрид (ⅩⅤⅠⅠ в.) копан. Во Ⅶ в. бил прогласен за заштитник на градот и почнал да се обзнанува како св. Димитриј Солунски. ЛИТ.: Блага Алексова, Лоца санцторум Мацедониае. Култ на мартирите во Македонија од Ⅳ до IX век, Скопје, 1995, 26-28; Ф. БаришиÊ, Чуда Димитрија као историски извори, Београд, 1953; Жити/ на светиите, Софи/, 1991, 537-539. И. Вел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *