ДИМИТРИЕВСКИ, Марјан

ДИМИТРИЕВСКИ, Марјан (с. Стрезовце, Кумановско, 13. Ⅵ 1954) – историчар, научен советник/редовен професор во Инститотот за национална историја. Се школувал во Скопје, каде што го завршил Филозофскиот факултет (Групата по историја), а потоа на истиот факултет и магистрирал (1989) и докторирал (1994). Извесно време бил професор во Гимназијата „Јосип Броз – Тито” во Скопје (1980/1981), а потоа се вработил во ИНИ во Одделението за нова и најнова историја. Повеќе пати бил на истражување и усовршување во Германија. Негова главна научна преокупација е Македонија во времето на Втората светска војна. БИБ.: Библиографија на синдикалната организација на Македонија од страниците на весникот „Трудбеник”(1945–1980), Скопје, 1992; Македонија во антифашистичката војна 1944–1945 година, Скопје, 1995; Третиот Рајх и Македонија 1941– 1945, Документи, том 1, кн. 1 и 2, Скопје, 1996 и 1997; Македонската војска 1944– 1945, Скопје, 1998. С. Мл.