ДИМИТАР Митраш

ДИМИТАР Митраш . (ⅩⅣ – ⅩⅤ в.) – најмладиот, четврти син на Волкашин. Се спомнува во ктиторскиот натпис на кралот Марко од 1377 г. во Марковиот манастир, а самиот се јавува како ктитор на црквата „Св. Никола” во Прилеп. По 1393/1394 г., се разидува со кралот Марко и (летото во 1394), заедно со брат му Андрејаш отишле во Дубровник за да си го земат својот дел од татковиот депозит во сребро (спомнат во еден дубровнички документ од 21. IX 1399 г. како брат и наследник на Марко), а оттаму заминале во Унгарија. Таму стапил во служба на кралот Сигизмунд, а во поч. на ⅩⅤ в. бил кастелан на градот Вилагош и жупан на Зарандската жупа. ЛИТ.: Н. Ношпал–Никуљска, Марковиот манастир – монумент како документ низ историјата, Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, И, Скопје, 1975; С. ´ирковиÊ, Поклад краља Вукашина, ЗбФФ, Београд, ⅩⅣ/1 (1979). Б. Петр.