ДИМИСКИЈА

ДИМИСКИЈА . (ДАМАСКИЊА) – сабја искована во Дамаск (Сирија) или изработена според таков урнек. Како ладно оружје на пешак или коњаник, има криво сечиво, дршка и понекогаш штитник, а се носи во корица опашана на појас. Примероци има во повеќе македонски музеи. Опеана е и во народните песни. ЛИТ.: Миладиновци, Зборник 1861-1961, Скопје, 1962, 286; Сборник за народни умотворени®, наука и книжнина, ⅩⅠⅠⅠ, Софи®. 1901, 97. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *