ДИМИРОВСКИ, Георги М

ДИМИРОВСКИ, Георги М. (20. Ⅻ 1941, с. Нестрам, Костурско, Егејскиот дел на Македонија) – редовен професор по автоматика и системско инженерство на ЕТФ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, професор по компјутерска наука и информациони технологии на Универзитетот „Догус” во Истанбул и гостин-професор на Истанбулскиот технички универзитет. Тој е странски член на Академијата по технички науки во Белград и е цитиран во „Сѕстемс анд Цонтрол Енцѕлопаедиа: Тхеорѕ, Тецхнологѕ, Апплицатионс, Пергамон”, Оџфорд, 1987. На Универзитетот во Брадфорд (Англија) одбранил докторат (1977), завршил постдокторска специјализација (1979) и бил визитингпрофесор (1984–1986). Гостувал на Слободниот универзитет во Брисел (1994), на Универзитетот „Јоханес Кеплер” во Линц (2000), и на Универзитетот „Догус” (2001). Водел 5 национални проекти по управување на сложени процеси и 2 по комплексни системи за одлучување и управување, од кои 3 биле поддржани од Британскиот совет. Во 2003–05 г. водел македонско-словенечки научен проект по дефектноотпорно управување. По покана, имал академски престои со семинарски предавања на над 25 универзитети во Европа и Азија. Учествувал во макропроектот ЦОСЅ (1995–99) на Европската научна фондација (Стразбур). Успешно извел 2 постдокторанта, 15 докторанти, над 30 магистранти и над 300 дипломирани студенти во неколку земји. Бил уредник на зборник во едицијата на ИЕЕЕ и на 4 зборници на ИФАЦ. Автор е на 4 статии-поглавја по покана во странски научни монографии, објавил повеќе од 25 статии во меѓународни списанија и повеќе од 250 реферати во зборници на ИЕЕЕ и на ИФАЦ. Бил член на уредувачките одбори за: „Проц. Инстн. Мецх. Енг. Ј.Сѕст. &ЦонтролЕнг”;„Аутоматика” (поранешна СФРЈ); „Информатион Тецхнологиес – Цонтрол” (Сојуз по автоматика и информатика, БГ). Бил главен уредник на „Енгинееринг” (МК). Учествувал во уредувачките одбори на „Фацта Университатис Сериес ЕЕ” (СР и ЦГ) и „Ј. оф Елецтр. – Елецтроницс Енг.” (ТР). Носител е на награди за наука: ЕТАН (1974) по автоматика, „13 Ноември” (1983), ЕТАН (1991) по роботика, и „Ресеарцх ин Брусселс” (1993) г. Во 1985 г. го основал Институтот по автоматика и системско инженерство на ЕТФ во Скопје. Во 1981 го основал Здружението за ЕТАИ. Во 1985–1991 г. бил претседател на Југословенскиот сојуз за ЕТАИ, а во 1991–98 на Инженерската институција на Македонија. Во 1988 –1993 г. учествувал во работата на Извршниот совет на Европската научна фондација. Близу две децении учествува во работата на Меѓународната федерација по автоматско управување (ИФАЦ) и тоа: потпретседавач (1996–2002) на ТЦ9.3; претседавач (2002–2005) на ТЦ9.3; претседавач (2005–2008) на ЦЦ9 и член на Техничкиот борд. БИБ.: Г. М. Димировски, Ѕ.–Њ. Јинг, Њ.–Л. Ли, анд Ⅹ.–П. Лиу, Адаптиве Бацк-степпинг Десигн оф ТЦСЦ Робуст Нонлинеар Цонтрол фор Поњер Сѕстемс. Интелл. Аутоматион – Софт Цомпутинг, 12 (1) 75–87, 2006; Фуззѕ–Петри-нет Реасонинг Супервисорѕ Цонтроллер анд Естиматинг Статес оф Марков-цхаин Моделс. Цомпутинг – Информатицс, 24 (6) 1001–1014, 2005; Ј. Зхао анд Г. М. Димировски, Љуадратиц Стабилитѕ оф Сњитцхед Нонлинеар Сѕстемс. ИЕЕЕ Транс. он Аутоматиц Цонтрол, 49 (4) 574–578, 2004. Др. М.