ДИМЕСКИ, Димитар

ДИМЕСКИ, Димитар (Прилеп, 28. IX 1940 – Велес, 7. Ⅶ 2004) – историчар, редовен професор на Филозофскиот Факултет – Скопје. Основно и средно образование завршил во Прилеп. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет (1964). Од 1966 г. станал асистент на Филозофскиот факултет. Докторирал (1979), бил избран за доцент, вонреден професор (1985) и редовен професор (1990). Ја проучувал историјата на македонското револуционерно ослободително движење од Илинденскиот период. Објавил над 200 библиографски единици. Автор е на 10 монографии. Бил раководител на Институтот за историја и на Советот на постдипломски студии. Член е и претседател на повеќе редакции на научни списанија и зборници. Дописен член на ДНУ во Битола (1983) и ДНУ во Прилеп (1984). БИБ.: Македонското национално-ослободително движење во Битолскиот вилает (1893–1903), Скопје, 1981; Аферите во Битолскиот вилает (1893–1903), Скопје, 1993; Гоце Делчев, Скопје, 1994 и др. ЛИТ.: Ванчо Ѓорѓиев, Димитар Димески (ин мемориам), Историја, бр.1–2, Скопје, 2004. В. Ѓ.