ДИЗДАР, Мак

ДИЗДАР, Мак (Столац, БиХ, 17. Ⅹ 1917 – Сараево, 14. Ⅶ 1971) – со збирката Камениот спијач (1966), станал еден од најзначајните поети на Босна и Херцеговина. Соживувајќи се со јазикот и со светот на богомилските надгробни споменици и оживувајќи го од надгробните записи на спомениците далечното минато на својот народ и својата земја, дал поетски записи од своите видувања за луѓето и историјата, создавајќи истовремено и нов поетски јазик како соодветен одраз на босанскохерцеговската стварност. Во 1969 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Видополска ноќ, 1936; Жена пливач, 1954; Крутоста на кругот, 1960 и други. П. Гил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *