ДИВЕЧ

ДИВЕЧ – определен број видови диви животни (цицачи и птици) што живеат слободно во природата или во оградени простори во кои интензивно се одгледуваат, се размножуваат, се заштитуваат и се ловат. Сопственост се на државата и, како добро од општ интерес, уживаат законска заштита. Според Законот за лов, како дивеч се прогласени 127 вида од дивата фауна на РМ, распоредени во следните категории: а) трајно заштитени – 79 вида, од кои 9 цицачи и 70 птици (срна, мечка, рис, чакал, видра, сите видови орли, соколи, буфови и др.); б) заштитени со ловостој – 31 вид, од кои 6 цицачи и 25 птици (обичен елен, дивокоза, дива свиња, зајак, полска еребица, еребица камењарка, фазан и др.); в) без законска заштита – 17 вида, од кои 9 цицачи и 8 птици (волк, лисица, куна белка, јастреб кокошкар, страчка, сива врана, чавка и др.). Како дивеч од посебно ловностопанско значење се: обичниот елен, дивокозата, дивата свиња, зајакот, полската еребица и еребицата камењарка. Интродуирани (алохтони) видови се: еленот лопатар, муфлонот и фазанот. Распространетост и бројна состојба на главните ловностопански видови (2006): а) обичен елен (Цервус елапхус Л.) – пред исчезнувањето, како балкански ендем бил распространет во поголемиот дел од ридско-планинските реони на РМ. Реаклиматизиран е во повеќе реони (шР „Јасен”, НП „Маврово” и „Пелистер” и во ловиштата „Кадина Река” и „Пониква”), каде се одгледува на околу 30.000 ха, со бројна состојба од околу 300 грла; б) срна (Цапреолус цапреолус Л.) – распространета е на околу 900.000 ха во сите поголеми шумски екосистеми. Бројната состојба изнесува околу 5.000 грла; в) дивокоза (Рупицапра рупицапра Л.) – најзастапена во Западна Македонија (НП „Маврово”, шР „Јасен”) на околу 90.000 ха и бројност од 1.800 грла; г) дива свиња (Сус сцрофа Л.) – застапена е во сите ридско-планински екосистеми во земјата. Полуинтензивно се одгледува и во неколку заградени ловишта. Вкупната ловнопродуктивна површина изнесува 600.000 ха, со околу 2.500 грла; д) мечка (УрсусарцтосЛ.) и рис (Лѕнџ лѕнџ Л.) – распространети се во западните и во југозападните шумски подрачја. Најбројни се во НП „Маврово” и „Пелистер” на површина од околу 250.000 ха. Бројната состојба на мечката е стабилна и изнесува околу 150 единки, а на рисот е во опаѓање (20–30 примероци); ѓ) зајак (Лепус еуропаеус Палл.) – распространет е на повеќе висорамнини и брановидни ритчести терени на околу 1.000.000 ха, со околу 30.000 примероци. Во некои котлини (Полог, Скопско Поле, Пелагонија и др.) е речиси исчезнат; е) полска еребица (Пердиџ пердиџ Л.) – ги населува сите земјоделски реони чија надморска височина не е поголема од 600 до 800 м. Се одгледува на околу 400.000 ха, а бројната состојба изнесува околу 30.000 единки; ж) еребица камењарка (Алецторис граеца Меисн.) – распространета на околу 200.000 ха, со бројност од околу 10.000 единки. Има тенденција кон намалување на нејзината бројност како резултат на промената на еколошките услови во нејзините поранешни местоживеења. Позначајните наоѓалишта се на: Жеден, Сува Гора, Скопска Црна Гора, Клепа, Демир Капија, Богословец и др. В. Мал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *