ДИБЕК

ДИБЕК -. некропола со гробници од хеленистичкиот период во с. Суводол, 20 км источно од Битола. Истражени се три гробници вдлабени во стена, со дромос, преткомора и комора. Констатирано е дека истражените гробници се слични една на друга, со мали отстапки во димензиите на дромосите и коморите, како и во решението на засводувањето на коморите. Гробниците не се отворани и пљачкани и во нив е зачуван интактен целиот материјал (керамички садови и една теракотна биста на божицата Афродита). Во комората од гробот 1 е најдена гробна јама, а во другите две гробници остатоците од изгорените покојници биле поставени на подот. Датирани се во втората половина на Ⅱ в. пр.н.е. Гробниците со дромос, преткомора и комора се карактеристични за источниот раб на Пелагонската Рамнина во нејзиниот среден и северен дел, коешто го потврдуваат и наодите кај селата Суводол, Бонче и Горно Село. ЛИТ.: Ф. Месеснел, Једна гробница код села Суводола, „ГСНД”, ⅩⅣ, Скопје, 1935, 201; Т. Јанакиевски, Три раноантички гробници во стена од лок. „Дибек” с. СуводолБитола, „Мацед. ацта арцхаеол.”, 13, Скопје, 1993, 149-161. К. Кеп.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *