ДЕ БРЕЈ, Реџиналд Џорџ Артур

ДЕ БРЕЈ, Реџиналд Џорџ Артур (Региналд Георге Артхур де Браѕ) (Санкт Петербург 1912 – Канбера/Цанберра, Австралија, 28. Ⅴ 1993) – англиски филолог, славист, член на МАНУ надвор од работниот состав (1986), член-соработник (феллоњ) на Австралиската академија на хуманистичките науки. Во 1951 г. во Лондон го објавува првото издание на Гуиде то тхе Славоницс Лангуагес, во кое страниците 243–312 се посветени на македонскиот јазик: историски вовед и нацрт на граматиката. На македонистичката проблематика се враќа и подоцна во неколку статии. Иницијатор е и главен автор на англиската страна на Роутледге Мацедониан–Енглисх Дицтионарѕ, базиран врз тритомниот речник на македонскиот јазик, објавен по неговата смрт (1998). З. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *