ДЕЧЕВ, Никола

ДЕЧЕВ, Никола (Кољо) (Стара Загора, 1880 – с. Луково, Кратовско, 12. IX 1903) – војвода на ТМОРО, Бугарин. ДоⅤклас се школувал во родното место, а потоа во Железарското училиште во Самоков (1895-1998). Тука се запознал со социјалистичките идеи, членувал во таен ученички револуционерен кружок, станал член на ТМОРО (1898) и работел во тамошната железарска работилница за изработка на бомби и други материјали. Првин бил секретар во четата на Андон Јанев–ќосето во Гевгелиско (пролетта 1900), наредната година бил помошник-војвода во четата на Христо Чернопеев во Горноџумајско (1901), а потоа станал велешки околиски војвода. Во Илинденското востание (1903) дејствувал во Велешко. Бил убиен во борба со османлиската војска. ЛИТ.: Ил. Ив., Македонска галериџ, Илинден 1903–1922, кн. 2, Софиџ,1922; Бугари – соборци на Гоце Делчев. Кажувања. Внуката на Гоце Делчев, баба Лика Чопова–Јурукова кажува за директното учество на голем број Бугари во македонското револуционерно движење, „Гоцеви денови – Песна за Гоце 1981”, Ⅶ, 7, Скопје, 7. Ⅱ 1981, 17. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *