ДЕРЖАВИН, Николај Севостјанович

ДЕРЖАВИН, Николај Севостјанович (с. Преслав, Бердјански у., Тавричка губ., Русија, 3/15. Ⅻ 1877 – Ленинград, 26. Ⅱ 1953) – руски славист-историчар и литературолог. Професор по славистика и ректор на Ленинградскиот државен универзитет, редовен член на АН СССР (1931) и директор на Институтот за славистика на АН СССР во Лениград (1931-1934). Пишува за руско-бугарските врски, за бугарската историја и за македонското прашање (од бугарски аспект). На 20. Ⅴ 1925 г., како ректор, го препорачува „турскиот поданик од Македонија” Д. Чуповски дека е „македонски деец” што „заслужува полно внимание и поддршка”. Бидејќи Д. во и по Втората светска војна се искажува и во прилог на борбата на македонскиот словенски народ, по препорака од Д. Влахов, на 7. Ⅻ 1944 г. Президиумот на АСНОМ ги кани да дојдат во Македонија „најдобрите познавачи на јазиците на сите балкански народи: Бернштејн и Державин” за да помогнат „во изработувањето на македонскиот литературен јазик”. Посетата не е реализирана. БИБ.: Болгарско-сербския взаимоотношения и македонский вопросъ, СПб., 1914; История Болгарии, И–ИВ, М.‡Л.., 1945-1948. ЛИТ.: Цветан Станоевски, Дипломатија во истории и историја на дипломатијата. Македонија во советската историографија 1917-1982, Скопје, 1986, 151-172; Стојан Ристески, Создавањето на современиот македонски литературен јазик, Скопје, 1988, 331-335; Д. Мирчев, Професор Державин в заÈита на македонския език, „Доброволец”, И, 5, София, 15. Ⅲ 1945; Блаже Ристовски, Столетија на македонската свест. Истражувања за културно-националниот развиток, Скопје, 517-518. Бл. Р. Асен Дерменџиев-Јули ДЕРМЕНЏИЕВ ЈУЛИ, Асен

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *