ДЕН НА ЖЕНАТА

ДЕН НА ЖЕНАТА (8 Март) – ден на меѓународната солидарност на жените во нивната борба за еманципација и за промена на општествениот статус за економска и политичка рамноправност, востановен на Конгресот на Втората интернационала во Копенхаген (1910). Во Македонија прв собир на жените на кој се расправало за положбата на жената бил одржан во Скопје, кон крајот на 1907 г. Прво одбележување на празникот е регистрирано во Скопје 1920 г. Во наредните години до денес одбележувањата имаат непрекинат континуитет, со барање за целосна рамноправност меѓу половите. В. В. -В.