ДЕН НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

ДЕН НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (11. Ⅹ 1941) – државен празник на РМ. По одлука на ПК на КПЈ за Македонија, Прилепскиот партизански одред извршил напад на бугарскиот полициски участок, затворот и ТТ линиите во Прилеп и го означил организираниот почеток на оруженото востание во Македонија против фашистичките окупатори, за национална и социјална слобода и за создавање сопствена македонска држава. Народното собрание донело посебен Закон за прогласување на овој ден за државен празник на ДФМ (Службен весник на ДФМ, 1. Ⅹ 1945). Како државен празник првпат е одбележен на 11. Ⅹ 1945 г.ЛИТ.: Владо Иваноски, 11 Октомври 1941, Скопје, 1971. Вл. Ив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *