ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА . – фестивал на кој се претставува творештвото на македонските композитори на класична музика. Го организира Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ). Првпат се одржа во 1988 г. Со својата стимулативна политика одигра значајна улога во поттикнувањето и афирмацијата на македонското музичко творештво. Преку 300 дела својата премиерна изведба ја доживеале токму на ДММ. Се одржува кон крајот на март секоја година. Од 1997 г. добива меѓународен карактер, кој последниве години се засилува со учество на странски изведувачи и со изведба странски дела. На ДММ традиционално се врачуваат годишните награди на СОКОМ („Трајко Прокопиев” – за животно дело, „Панче Пешев” – за најуспешно годишно творечко остварување и „Георги Божиков” – за најдобра изведба на дело од македонски композитор). М. Кол.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *