ДЕНДРОЛОГИЈА

ДЕНДРОЛОГИЈА – наука што ги проучува дрвенестите видови растенија (дрвја и грмушки). Името го добила од грчките зборови дендрон – дрво и логос – наука. Во зависност од тоа кои дрвенести растенија ги проучува, се дели на: а) шумарска, б) парковска или хортикултурна и в) овоштарска. Како научна дисциплина ги проучува следните карактеристики на дрвенестите растенија: систематика, ареал, морфологија, екологија, размножување, стопанско значење и др. Како наставна дисциплина во нашата земја првпат е воведена по Втората светска војна на шумарскиот факултет во Скопје. Првиот наставник бил Ханс Ем, а првиот учебник за студенти го објавил С. Џеков (1988), додека првите два за средно училиште („Дендрологија”, 1989 и „Декоративна дендрологија”, 1992) ги напишал А. Андоноски. Ал. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *