ДЕНДРАМИС, Василис

ДЕНДРАМИС, Василис (1883-1956) – грчки дипломат и заменик-министер во Владата на Грција (1947-1950), претставник на Грција во Друштвото на народите (1920-1928). Во врска со македонското малцинско прашање во Грција во ДН (1925) го поддржал издавањето на букварот на македонски јазик, насловен Абецедар, за настава во училиштата за македонските деца во Егејскиот дел од Македонија. Го образложил со елаборација дека тој јазик е посебен јазик, различен од бугарскиот и од српскиот. ЛИТ.: Воислав Кушевски, Грчки дипломат за македонскиот јазик, Прилози на МАНУ ЏЏИИ, 2, 1991; За реагирањето и дипломатската преписка во Друштвото на народите по појавата на Абецедарот, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет”, 14 (40), 1987. М. Мин.