ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ВО РМ

ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ВО Република Македонија– процес на враќање на имотите национализирани по 2. Ⅷ 1944 г. (в. национализација), врз основа на разни прописи: за општо одземање имоти и за ограничување на сопственоста, за одземање на сопственоста заради остварување општокорисни цели, за одземање имоти врз основа на конфискација, кога оваа мера имала типично идеолошка конотација (главно до донесувањето на Кривичниот законик на ФНРЈ, 1951 г.), освен конфискуван имот за кривични дела што имаат карактер на воени злосторства. Законот за денационализација на РМ, донесен во 1998 г. и изменет и дополнет во 2000 г., предвидува враќање во сопственост на одземениот имот или давање надомест за одземениот имот на физички лица државјани на РМ, на храмови и верски вакафи, како и на Евреите од Република Македонијашто не ја преживеаја депортацијата и немаат наследници во Македонија. До крајот на 2006 г. конечно се решени 10.306 барања за денационализација (45,2% од вкупно поднесените барања) и со правосилни решенија е вратен следниов имот: станбен простор 2 (23.148 м ; деловен простор 2 (36.213 м ); градежно земјиште 2 94.574.584 м ); земјоделско зем2 јиште (107.402.669 м ); шумско 2 земјиште (25.213.721 м ). За враќање имот преку државни обврзници, до крајот на 2005 г. се реализирани пет емисии во износ од 180 милиони евра, а во тек е шестата емисија на државни обврзници во износ од 18 милиони евра. ИЗВ.: Закон за денационализација, „Службен весник на РМ”, бр. 20/98 и 31/2000); Податоци од Министерството за финансии на Република Македонија– Комисија за координација на работата на комисиите кои одлучуваат по барањата за денационализација. Т. Ф.