ДЕМОСТЕН

ДЕМОСТЕН . (с. Пајанија, 384 – о. Калаурија, 322 г. пр.н.е.) – најславниот ретор и атински политичар; се прославува со политичките говори против македонскиот крал Филип Ⅱ (359–336) наречени „Филипики”. Неуморно и прецизно ги следи дејствата и успесите на Филип како непријател на Атина и на сите Хелени, ја истраАтинскиот говорник и политичар Демостен жува неговата политичка и воена стратегија, ги забележува сите успеси на Филип и на македонската војска; Филипиките се исклучително значаен документ, зашто никој никогаш во светската историја не „фалел” никого низ толку жестоко напаѓање и со таква омраза. Неговиот обид да ги спаси хеленските полиси од македонскиот освојувач и да ги обедини Хелените во панхеленски сојуз пропаднал. По смртта на Александар Македонски (323) тој ги поттикнува Хелените против македонските владетели. Прогонуван од македонскиот владетел Антипатар, бега на о. Калаурија и се самоубива во храмот на Посејдон. ЛИТ.: Демостхенес, И–Ⅶ, Харвард Университѕ Пресс, 19956, 58, 1962, 63; Плутарцх, Демостхенес, Харвард Университѕ Пресс, 1959; Демостен, Говори, прев. Д. Чадиковска, Скопје, 1995; А. шукарова, Филип Ⅱ и атинските ре-тори, Скопје, 2003; П. Карлие, Демостен, Скопје, 1994. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *