ДЕМОКРАТСКИ ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА ИЛИНДЕН

ДЕМОКРАТСКИ ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈАИЛИНДЕН . 1903” (1945-1946) – конспиративна политичка организација во НРМ, основана да дејствува за остварување на илинденскиот идеал за самостојна независна македонска држава. Пред одржувањето на Париската мировна конфернција, Организацијата подготвила Меморандум (1946) со кој од владите на големите Сојузнички сили: САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз барала на македонскиот народ, сојузник во антифашистичката коалиција, кој дал свој придонес во Антифашистичката војна, да му се признае правото на слобода, обединување и создавање независна македонска држава. ЛИТ.: Михајло Миноски, Тајна политичка организација во Н/С РМ, Сто години ВМРО, златна книга, Скопје, 1993; Д-р Стојан Ристески, Судени за Македонија (1945–1985), Скопје, 1993; Иван Катарџиев, Сто години од формирањето на ВМРО, Скопје, 1993. М. Мин.