ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА

ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА (ДУИ) – политичка партија на етничките Албанци во Македонија, формирана во јуни 2002 г. Составена е од јадрото на парамилитарната формација Ослободителна народна армија, која во текот на 2001 г. учествуваше во војната против оружените сили на РМ. На парламентарните избори во септември 2002 г. ДУИ освои 16 пратенички места и формира коалициона влада со СДСМ и со ЛДП. На парламентарните избори одржани во 2006 г. таа освои 14 пратенички места и замина во опозиција, бидејќи мандатарот на новата Влада на РМ Никола Груевски се определи за стариот коалиционен партнер ДПА. Лидер на ДУИ е Али Ахмети, воен командант на поранешната ОНА.ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006; Гордана Силјановска-Давкова, Македонске политицке партије кроз призму идеологије, Београд, 2007. Ѓор. Ив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *