ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО

ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО (јануари 1990) – партија основана од демократски ориентирани Македонци од емиграцијата во Европа, со привремено раководно тело – Координативен совет на ДПМНЕ, под претседателство на Драган Богдановски. Координативниот совет (23. И) упатил писмено барање до Собранието на СФРЈ, СИС, до Собранието и Извршниот совет на СРМ за право Демократската партија за македонско национално единство да се конституира во СР Македонија, со сите права и обврски како и другите партии. Биле упатени барања до Народното собрание и до Министерскиот совет на НР Бугарија (февруари 1990) за конституирање, односно за легализирање на ДПМНЕ во Пиринскиот дел од Македонија и во Софија, центарот на македонската емиграција, како и до Парламентот и до Владата на Република Грција, ДПМНЕ како демократска партија на македонскиот народ да се конституира и во Егејскиот дел на Македонија. Во прилог на барањата била доставена Политичката платформа на партијата. ЛИТ.: Д-р Иван Катарџиев, Македонската политичка емиграција по Втората светска војна, Скопје, 1994. М. Мин. Амблемот на Демократската партија на Албанците

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *