ДЕМОГРАФСКА ТРАНЗИЦИЈА

ДЕМОГРАФСКА ТРАНЗИЦИЈА – преод од еден кон друг модел на репродукција на популацијата. Во РМ, врз основа на пројавените демографски трендови (стапката на наталитет од 40,7‰ за 1948 г. е намалена на 13,8‰, 2002 г.), може да се заклучи дека е при крај процесот на демографската транзиција. Во исто време, тоа би значело дека државата се приближува кон „прагот” на потранзиционата ета-па од својот демографски развој. ЛИТ.: Славе Ристески, Демографската транзиција во Република Македонија, Скопје, 1996; истиот, Демографски методи со демографска анализа, Скопје, 2006. С. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *