ДЕМИР ХИСАР

ДЕМИР ХИСАР – град во западниот дел на РМ: 2.593 ж. (2002 г.). Се наоѓа во јужниот дел на областа Демир Хисар, на патот БитолаКичево. Зафаќа површина од 250 ха. Се развил од поранешното село Мургашево. За градска населба е прогласен во 2004 г. Населението го составуваат Македонци и сосема мал број Албанци (62 ж.) и Турци (22 ж.). Седиште е на општина што зафаќа површина од 48.013 ха, има 41 населено мес-то со 9.497 ж. Од индустриски објекти, постојат фабрика за пружини, текстилна фабрика и сачмарДемир Хисар ница во с. Железнец. Помеѓу селата Жван и Слепче се наоѓа рудникот за железна руда. Има осумгодишно училиште, гимназија и болница. Ал. Ст. Стефан Демирев