ДЕМА, Хамди

ДЕМА, Хамди (с. Омеши, Пешкопеја, Албанија, ? – Западна Македонија, 1945) – приврзаник на албанскиот крал Зогу. Бил во служба на албанската квислиншка власт и на италијанските окупатори во Македонија (1941-1943). Како капетан на албанската милиција во окупирано Кичево (од 1942), формирал Национален албански комитет, кој соработувал со НОАВМ (29. Ⅵ 1943). Наскоро побарал да се приклучи кон НОАВМ со голем дел од неговите милиционери (јули 1943), а тој бил назначен за командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ (13. Ⅷ 1943) и потоа член на Гш на НОВ и ПОМ (септември 1943). Бил делегиран за пратеник од Дебар (7. Ⅶ 1944) на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил осомничен за контраразузнавачки активности, поради што бил осуден и во обид за бегство – убиен. ИЗВ.: Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија, том И, книга трета, Скопје, ноември 1970, 342 и 345; Кичево и Кичевско во НОВ 1941–1945, Документи, Кичево, 1985, 127, 136, 141, 156, 207, 208, 575, 576; Документи за воената организација во Македоија 1941-1945. Покраински и Главен штаб на Македонија 1941-1943. Том 1, кн. 1, Скопје, 2001, 148, 199, 212, 224 и 231. С. Мл. Деметриј Ⅰ Полиоркет, монета, аверс/реверс