ДЕЛ ПОНТЕ, Карла

ДЕЛ ПОНТЕ, Карла (Царла Дел Понте) (Лугано, швајцарска Конфедерација, 9. Ⅱ 1947) – главен обвинител на Трибуналот за Југославија со седиште во Хаг (Холандија). Именувана е со Резолуцијата 1259/99 (11. Ⅷ 1999) на Советот за безбедност на ООН. Стапува на должност на 15. IX 1999 г. и во такво својство успева да го донесе Слободан Милошевиќ во затворот во шевенинген, како и други обвинети од просторите на поранешна Југославија. На рочиштето одржано на 25. IX 2005 г., успева да издејствува враќање на четирите случаи за воените злосторства извршени во текот на воената криза во РМ од 2001 г. на судење пред националните судови на РМ. ИЗВ.: хттп://ун.орг.ицтѕ. ЛИТ.: А. Чупеска, Карла против злото, „Политичка мисла”, бр.13, Скопје, 2006. Т. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *