ДЕЛЧЕВ, Ѓорѓи Димитров

ДЕЛЧЕВ, Ѓорѓи Димитров (с. Давидово, Гевгелиско, 24. Ⅰ 1927 – ) – педагог, универзитетски професор. Завршил Учителска школа и Филозофски факултет во Скопје (1952). Докторирал на Универзитетот во Бордо, Франција (1974). Во 1948 г. бил учител во с. Долен, Неврокопско, Пиринска Македонија. Работел како професор во Учителската школа, а од 1966 г. како асистент и професор на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што ја изведувал наставата по методиките на одделенската настава. Бил раководител на Групата за педагогија и на Групата за општонародна одбрана на Филозофскиот факултет во Скопје. Автор е на голем број трудови од областа на методиките на одделенската настава, како и на неколку прирачници и учебници. БИБ.: Буквар, 1973, (20 изданија); Чи-там и пишувам латиница, 1975; Буквар за возрасни, 1979; ЗПО за возрасни, 1979; ЗПО за трето и четврто одделение, 1998 и др. К. Камб.