ДЕЛЧЕВ, Христо Николов

ДЕЛЧЕВ, Христо Николов (Кукуш, 1885 – Софија, 1927) – мануфактурист, најмлад брат на Гоце Делчев. Како член на ТМОРО, се обидел да стане комита во четата на војводата Крсто Асенов (1904), но поради загубата на неговите тројца браќа Мицо (1901), Гоце и Милан (1903), бил одбиен. ЛИТ.: Јован Павловски, Огнено семејство. Спомени на Лика Чопова, Скопје, 1978; Д-р Симо Младеновски, Револуционерката Руша Делчева. По спомените на Лика Чопова, Скопје, 1983. С. Мл. Султана Делчева -Нурџиева