ДЕЛЧЕВА-ЧОПОВА, Руша Николова

ДЕЛЧЕВА-ЧОПОВА, Руша Николова (Кукуш, 1868 – Софија, 9. Ⅵ 1945 ) – првата жена член на ТМОРО, ќерка на Никола и Султана Делчеви, постара сестра на Гоце Делчев и мајка на револуционерите Владимир, Тодор и Туше Чопови. Била член на Првиот револуционерен комитет на ТМОРО во Кукуш (од април 1895). По заминувањето од Кукуш, Г. Делчев ја оставил во градот за свој помошник. Со педесетина кукушани, учествувала во соборувањето на детронизираниот султан Абдул Хамид (1909). По изгонувањето на османлиските власти од Кукуш (1912), како доброволка дејствувала на чело на чета на Македонско-одринското ополчение на линијата Кешан– Малгара–Димотика. По палењето на Кукуш во Втората балканска војна (1913), емигрирала во Бугарија, каде што нејзиниот дом бил сврталиште на многу истакнати македонски револуционери. ЛИТ.: Јован Павловски, Огнено семејство. Спомени на Лика Чопова, Скопје, 1978; Д-р Симо Младеновски, Револуционерката Руша Делчева (1868– 1945), По спомените на Лика Чопова, Скопје, 1983. С. Мл. Делчево