ДЕЛЧЕВА-НУРЏИЕВА, Султана Јованова

ДЕЛЧЕВА-НУРЏИЕВА, Султана Јованова (Мурарци, Кукушко, 1850 – Кукуш, 1907) – домаќинка, сопруга на Никола Делчев и мајка на девет деца вклучени во македонското револуционерно движење – пет ќерки и четири сина: Руша (родена во 1868 г.), Цоца (1870), Гоце (1872), Тина (1974), Велика (1876), Димитар/Мицо (1879), Елена (1881), Милан (1883) и Христо (1885). Тројца од синовите загинале во националноослободителните борби – Мицо (1901), Гоце и Милан (1903). ЛИТ.: Јован Павловски, Огнено семејство. Спомени на Лика Чопова, Скопје, 1978; Д-р Симо Младеновски, Револуционерката Руша Делчева. По спомените на Лика Чопова, Скопје, 1983. С. Мл. Руша Делчева -Чопова