ДЕЛИЏАКОВА СТРАЛА, Марија Периклова

ДЕЛИЏАКОВА СТРАЛА, Марија Периклова (Битола, 7. Ⅱ 1924 – Скопје, 5. Ⅻ 1991) – педијатар-неонатолог, вонреден проф. на Мед. ф. Студиите ги започнува во Софија, а дипломира во Бел-град. Специјализира на Детската клиника при Мед. ф. во Скопје, а хабилитира во 1961/62. Пионер е во откривањето на цистичната фиброза кај децата. Раководела со одделенијата за неонатологија и доенчиња со нарушен метаболизам. Објавила над 40 труда. Н. П. -Ј.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *