ДЕЛЕГАТСКИ СИСТЕМ ВО СРМ

ДЕЛЕГАТСКИ СИСТЕМ ВО СРМ -. облик на остварување на правото на самоуправување на работниците и граѓаните и облик на поврзување на одлучувањето и управувањето со општествените работи, од дното до врвот на уставниот систем. Воведен е како изборен систем со Уставот на СРМ од 1974 г. Во СРМ се спроведени четири делегатски избори (1974, 1978, 1982 и 1986 г.). Изборите за делегатите се спроведуваа на три нивоа. Првото ниво се непосредните избори на членовите на делегациите на работниците и граѓаните организирани во работните и локалните заедници. Во текот на 1986 г. беа формирани 5.063 делегации, со 54.039 члена. Второто ниво го опфаќа изборот на делегатите за општинските собранија. Во текот на 1986 г. беа избрани 3.783 делегати за три собора на општинските собранија. Третото ниво се однесува на изборот на делегатите за Собранието на СРМ од страна на општинските собранија. Во текот на 1986 г. беа избрани 247 делегати за пет собори на Собранието на СРМ: Општествено-политичкиот собор; Соборот на општините; Соборот на здружениот труд; Културно-просветниот собор и Социјално-здравствениот собор. Св. ш. Петар (Туше) Делииванов