ДЕЛЕГАТИ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

ДЕЛЕГАТИ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ (манастир „Св. Прохор Пчински“, 2. Ⅷ 1944) – избрани делегати според издадените прописи за избор на делегати од страна на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ (март 1944) и Упатството за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ на ЦК на КПМ (2. Ⅳ 1944). Биле избрани вкупно 112, а на Заседанието успеале да присуствуваат само 60 делегати или нивни ополномоштени претставници. Избрани делегати, со наведени населени места на делегирање, биле: ќемал Аголи (студент по филозофија, од Дебар), Методи Андонов-Ченто (трговец, од Прилеп), Бане Андреев-Ронката (политички комесар на Гш на НОВ и ПОМ, од Велес), Михаило Апостолски (ге-нерал-мајор, командант на НОВ и ПОМ, од Штип), Љупчо Арсов (банкарски чиновник, од Штип), Борис Атков (чиновник, од Скопје), Вера Ацева (домаќинка, од Прилеп), Ристо Бајалцалиев (приватен чиновник, од Гевгелија), Страхил Бајовски (учител, од Берово), Димче Беловски (приватен чиновник, од Штип), Злате Билјановски (заменикполитички комесар на Третата македонска НО бригада, од с. Пуста Река, Крушевско), Јордан Блажевски (инженер-агроном, од Тетово), Мино Богданов (чиновник, од Велес), Петре Богданов-Кочко (оперски пејач, од Скопје), Илија Божиновски (чиновник, од Ресен), Атанас Бојков (командант на Струмичкиот НОПО, од с. Богданци, Гевгелиско), Панко Брашнаров (учител, од Велес), Ванчо Бурзевски (приватен чиновник, од Свети Николе), Васил Атанасов Василев (работник, од Петрич), Наум Ташков Василевски (потпоручник, заменик-командант на Третата македонска НО бригада, од Ресен), Атанас Великов (работник, од Петрич), Димитар Влахов (публицист, од Кукуш), Никола Иванов Вражалски (кандидат за адвокат, од Кочани), Александар Георгиев (градежен инженер, од Гостивар), Кирил Георгиевски (инженер-архитект, од Прилеп), Страхил Гигов (началник на Персоналното одделение на Гш на НОВ и ПОМ, од Велес, Лазар Гиновски (земјоделец, од с. Белчишта, Охридско), Киро Глигоров (адвокат, од Штип), Боро Делегатите доаѓаат на Првото заседание на АСНОМ Димитриев (воздухопловен поручник на Кралството Југославија, од с. Рамно, Кумановско), Младен Ѓорѓиев (земјоделец, од с. Челопек, Кумановско), Јован Ѓоргов (свештеник, од с. Дреново, Кавадаречко), Димитар Зафировски (журналист, од Гевгелија), Тодор Стојанов Ѕвездин (активен судски потполковник на Кралството Југославија, од Скопје), Стоилко Костов Иванов (учител, од с. Ораов Дол, Велешко), Васил Атанасков Ивановски (работник, од Костур), Георги Ивановски (учител, од Ресен), Перо Ивановски-Тиквар (работник, од Прилеп), Илија Илиевски (адвокат, од Битола), Коста Јашмаков (капетан, началник на штабот на Третата македонска НО бригада, од Битола), Лазо Калајџиев (работник, од Неготино), Васил Кара Ангелевски (земјоделец, заменик-командант на Петтата македонска НО бригада, од Битола), Мара Карбева (домаќинка, од Велес), Томо Кутурец (приватен чиновник, од Крушево), Благое Левков (адвокат, од Велес), Генадиј Илиев Лешков (земјоделец, од с. Дреново, Бродско), Душан Лукаров (работник, од Скопје), Владо Малески (студент по право, од Струга), Веселинка Малинска (приватен чиновник, од Куманово), Кирил Михајловски (учител, од Виница), Петар Стојанов Манговски (адвокат, од Битола), Димитри Манџовски (земјоделец, од Костур), Венко Марковски (поет, од Скопје), Боро Милевски (поручник, командант на Четвртата македонска НО бригада, од Штип), Тихомир Милошевски (мајор, командант на Третата македонска НО бригада, од с. Битуше, Галичко), д-р Кирил Миљовски (ветеринарен лекар, од Битола), Благоја Минов (работник, од Струмица), Мино Минов (работник, од Маврово), Никола Минчев (банкарски чиновник, од Кавадарци), Димитар Миовски (лекар во железничката болница, од Скопје), Димче Стојанов Миревски (професор, од Прилеп), д-р Никола Мицев (ветеринарен лекар-бактериолог, од Кратово), Лазо Мојсов (студент по право, од Неготино), Наум Наумовски (политички комесар на Втората македонска НО бригада, од Крушево), Мара Нацева (работничка, од Куманово), Панче Неделковски (потполковник, заменик-командант на НОВ и ПОМ, од Скопје), Тодор Ношпал (трговец, од Прилеп), Милан Костов Стефанов (земјоделец, од с. Десово, Прилепско), Никола Пеев (работник, од с. Богданци, Гевгелиско), Александар Петровски (кројач, потпретседател на Стопанската комора, од Скопје), Кирил Петрушев (типографски работник, од Скопје), Петре Пирузе (адвокат, од Охрид), д-р Владимир Полежиноски (јурист, од Кичево), Епаминонда Поп Андонов (професор, од Струмица), Славко Поп Антовски (инженер-агроном, од Скопје), Елисие Поповски (банкарски чиновник, од Маврово), Методи Поповски (поручник, командант на Втората македонска НО бригада, од Прилеп), Борис Поцков (типограф, од Струмица), Иван Радњански (земјоделец, од с. Радња, Кавадаречко), Часлав Рангеловски (шумарски инженер, од Скопје), Милева Сабо (работничка, од Скопје), ќемал Сејфула (занаетчија, од Скопје), Асен Симитчиев (кандидат за адвокат, од Скопје), Исак Сион (приватен чиновник, од Штип), Видое Смилевски (банкарски чиновник, од Гостивар), Лазар Соколов (економист, од Куманово), Најдо Стаменин (работник, од Неготино), Благоја Стефков (работник, од Куманово), Кирил Стојанов (свештеник, од Дебар), Нафи Сулејман (земјоделец, од Битола), Иван Танев (поручник, од Гевгелија), Борис Темелков (работник, од Прилеп), Димитар Теменугов (политички комесар на Струмичкиот НОПО), Стојан Тодоровски (приватен чиновник, од Куманово), Трајче Трајчевски (земјоделец, од с. Црвена Вода, Охридско), Злате Тренески (земјоделец, од Кичево), Јоне Колев Трпевски (работник, од Ресен), Димче Туриманџовски (мајор на НОВ и ПОМ, од Кавадарци), Цветко Узуновски (работник, од с. Царев Двор, Ресенско), Чедомир Филиповски (работник, поручник на НОВ и ПОМ, од Гостивар), Богоја Фотев (земјоделец, од с. Бистрица, Битолско), Камбер Хасан (земјоделец, с. Долни Дисан, Неготинско), Благое Ха-џи Панзов (адвокат, од Велес), Трајко Цветанов (студент, од Крива Паланка), Тодор Петров Циповски (работник, од Тетово), Лилјана Чаловска (студентка, од Битола), Вангел Чукаловски (командант на Првата македонска НО бригада, од Битола), Кирил Петров Чаулев (студент, од Охрид), Боро Чаушев (работник, од Неготино), Емануел Чучков (директор на гимназијата во Скопје, од Штип), Борис Чушкаров (учител, политички комесар на Третата македонска НО бригада, од Куманово), Методи Панов Џунов (земјоделец, од с. Ваташа, Кавадаречко) и Јанко шопов (техничар, од Гевгелија). По неколку дена, за членови на АСНОМ биле кооптирани и Абдула Алија (работник, од Прешево), Живко Брајковски (земјоделец, од с. Галичник), Васил Калајџиевски (судија, од с. Вевчани, Струшко) и Кирил Тошев Крстев (работник, од Дебарца), со посебно решение на Президиумот на АСНОМ (6. Ⅷ 1944). ЛИТ.: Зборник на документи од Анти-фашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), Скопје, 1964, 251-253 и 274-278. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *