ДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕЗ И НА САД ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ РЕПУБЛИКИ

ДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕЗ И НА САД ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ РЕПУБЛИКИ – меѓународен договор на ЕЗ и САД (Брисел, 10. Ⅲ 1992) заради усогласување на пристапот во заокружувањето на процесот на меѓународното признавање на југословенските републики. Со Декларацијата, барањата на РХ и РСл се решени брзо и позитивно, кон РСр и РЦГ, ЕЗ и САД преземаат обврска да го координираат настапот, а во однос на Република Македонијаи РБиХ е преземена обврска за позитивно разгледување на барањата, во зависност од разрешувањето на другите прашања на ЕЗ што се однесуваат за нив. ИЗВ.: Декларација на ЕЗ и САД за признавање на југословенските републики, „Меѓународна политика”, бр. 1003/92. Т. Петр.