ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ НА ДЕЛ ОД СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА НА РМ КОН СР Југославија

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СОСТОЈБИТЕ НА ДЕЛ ОД СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА НА РМ КОН СР Југославија – акт на Собранието на РМ (29. Ⅴ 2002) усвоен како реакција на Резолуцијата на Привременото собрание на Косово (23. Ⅴ 2002) за непризнавање на Договорот за протегање и опис на границата со кој се отфрла Резолуцијата, а се потенцира јасната определба на Советот за безбедност на ОН (22.В 2002), која го реафирмира ставот на ОН дека Договорот за границата меѓу РМ и СР Југославија мора да биде почитуван и, во таа насока, се поддржуваат напорите на Специјалниот преставник на Генералниот секретар на ОН за Косово и на Европската унија која, загрижена за ситуацијата, бара од членовите на Собранието на Косово да ја почитуваат Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и уставната рамка за привремена самоуправа. ИЗВ.: Декларација за состојбите на дел од северната граница на РМ кон СРЈ, „Службен весник на РМ”, 37/02; ЛИТ.: Татјана Петрушевска, Проблематизирање на Меѓудржавниот договор за делимитација, „Пулс”, Скопје, 31.В 2002. Т. Петр. Факсимил од Декларацијата за сувереноста на СРМ, донесена од собранието на РМ (25. Ⅰ 1991)