ДЕКЛАРАЦИИ ЗА ЈУГОСЛАВИЈА НА ЕЗ

ДЕКЛАРАЦИИ ЗА ЈУГОСЛАВИЈА НА ЕЗ – серија еднострани акти, усвоени од Европскиот со-вет или Советот на министри на ЕЗ (март–ноември 1991) како одговор на ситуацијата во СФРЈ и на формирањето нови држави на територијата на СФРЈ. Декларацијата за Југославија од 27. Ⅷ 1991 г. предвидува „свикување мировна конференција за Југославија и, во нејзините рамки, воспоставување арбитражна процедура”. Декларацијата за Југославија од 17. Ⅻ 1991 г. содржи изјава од ЕЗ и државите-членки дека ќе ја признаат независноста на сите југословенски републики кои ги исполнуваат условите за признавање, содржани во Декларацијата на ЕЗ за насоките за признавање на новосоздадените држави во зе дека ќе усвои цврсти уставни и политички гаранции дека нема територијални претензии кон која било соседна држава-членка на ЕЗ и дека нема да спроведуваат непријателска пропаганда против која било соседна држава-членка на ЕЗ, вклучувајќи ја и употребата на оние називи кои подразбираат територијални претензии”. Врз оваа основа, ЕЗ и државитечленки бараат од РМ да дава дополнителни гаранции, во вид на Амандмани Ⅰ и Ⅱ на нејзиниот Устав од 1991 г. Декларацијата на неформалниот Министерски со-вет за „Поранешната Југословенска Република Македонија” одржан во Гимараеш (1–2. Ⅴ 1992) произлегува од дискусијата на министрите за надворешни работи на државите-членки на ЕЗ за барањето на РМ за меѓународно признавање и е прв документ на ЕЗ во кој е употребена одредницата „ПЈРМ”. ИЗВ.: Декларации за Југославија, „Меѓународна политика”, бр. 995–7/01; 998–1000/92; 1003/92; 1005–6/92. Т. Петр. Источна Европа и СССР од 17. Ⅻ 1991 г. општите (за сите држави од широко дефинираниот регион) и посебните услови предвидени подолу во самата Декларација за Југославија ако овој објективен факт е проследен со субјективниот – волја да добијат меѓународно признавање, изразена во барање за признавање проследено преку претседавачот на Конференцијата за поранешна Југославија до Арбитражната комисија заради нејзино мислење за степенот на исполнување на условите за признавање. Во светлината на проблемот што Р Грција го има во врска со употребата на името РМ, особено е значајна формулацијата на последниот став од Декларацијата која гласи: „ЕЗ и државите-членки исто така бараат од секоја југословенска република, пред да ја признаат, да се обвр-

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *