ДЕВЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ДЕВЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА . (с. шешково, Кавадаречко, 22. Ⅷ – 6. XI 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од 450 борци од Тиквешијата во составот на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ (до 3. XI). Наскоро нејзиниот боречки состав нараснал на 2.110 борци (1. Ⅹ). Дејствувала главно во Тиквешијата и на комуникацијата Гевгелија-Велес, зела учество во борбите за ослободувањето на Прилеп (29. Ⅹ – 2. Битолско&преспанскиот партизански одред „Даме Груев” XI), Кичево и Гостивар. Наскоро потоа влегла во составот на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ. ИЗВ.: Зборник докумената НОР, т. Ⅶ/4, док. бр. 18, с. 40. ЛИТ.: Македонија од устанка до слободе 1941–1945. (Зборник радова), Београд, 1987; Петар Ефремов, Формирањето и дејствијата на 41. МНОД, Тиквешијата во НОВ 1941–1945, кн. петта: Партизански одреди и воени единици, КавадарциНеготино, 1984, 345; Д-р Марјан Димитриевски, Македонската војска 1944–1945, Скопје, 1999, 111–113. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *