ДЕВЕТТА ИТАЛИЈАНСКА АРМИЈА во Македонија

ДЕВЕТТА ИТАЛИЈАНСКА АРМИЈА во Македонија (1941 – 1943) – воена единица на Италија стационирана во Албанија, која во април 1941 г. учествувала во нападот на Кралството Југославија. Била составена од Ⅳ, ⅩⅣ и ⅩⅤⅠⅠ корпус со 8 дивизии и 1 планински одред. Го окупирала Косово и Метохија, Западниот дел на Македонија и Црна Гора. Прв командант бил генералот Александар Бироли, а последен генералот Александар Далмацо. Дел од Дивизијата „Фиренца”, како составен дел на Армијата, била стационирана на територијата на Западна Македонија. Се расформирала во септември 1943 г. ЛИТ.: Војна енциклопедија, 2, Београд, 1971; Лексикон Народноослободилачког рата и револуције у Југославији 1941– 1945, 1, Београд, 1980. Ѓ. Малк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *