ДЕБАРЦА ВО НОБ

ДЕБАРЦА ВО НОБ – учеството во НОБ на 22 села северно од Ох-рид, меѓу градовите Дебар, Кичево и Струга. По Априлската војна (1941) потпаднала под италијанското окупационо подрачје. Во текот на НОБ населението зело активно учество во борбата против германските, италијанските, бугарските и балистичките сили и качачките банди. Првата партиска ќелија на КПЈ била формирана во с. Белчишта (ноември 1941), а особен замав НОД добило при престојот на Мавровско-кичевскиот НОПО и главнината на Битолско-преспанскиот НОПО „Даме Груев“, како и престојот на ЦК на КПМ и Гш на НОВ и ПОМ (од првата половина на ав-густ 1943). Тогаш на оваа територија биле формирани голем број партиски ќелии и првите НОО. На овој простор биле формирани или дејствувале НОПО „Славеј“, НО баталјон „Мирче Ацев“ (пл. Славеј, 18. Ⅷ 1943), Кичевскиот НО баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“, шиптарскиот баталјон, Дебарскиот младински баталјон, Првата македонско-косовска НО бригада (с. Сливово, 11. XI 1943). Кичевскиот теренски баталјон, ПОПО „Дримкол“, НОПО „Малесија“, НОПО „Копачка“, Четвртата шиптарска НО бригада, шестата македонска НО бригада и др. Оваа област претставувала значајна слободна територија во времето на НОАВМ. Во с. Издеглавје бил одржан Првиот свештенички собир, на кој било иницирано формирањето на МПЦ. Во с. Црвена Вода пак би-ла сместена Партизанската печатница „Гоце Делчев“, а бил издаден и Манифестот на Гш на НОВ и ПОМ до македонскиот народ (почетокот на октомври 1943). По борбите на Првата македонско-косовска НО бригада (од пролетта 1944) и завршните операции за ослободувањето на Охрид и Струга, била ослободена и Дебарца (ноември 1944). ИЗВ.: Зборник докумената и података о народноослободилачком рату југословенских народа, том Ⅶ, књ. 1–4, Београд, 1952–1954; Извори за ослободителната војна и револуцијата во Македонија 1941– 1945, том И, кн. 1–7, Скопје, 1958–1983. ЛИТ.: Македонија од устанка до слободе 1941– 1945, Зборник радова, Београд, 1987. С. Мл.