ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ (17. Ⅶ 1967) – основана на Црковно-народниот собор во Ох-рид, кога е возобновена автокефалноста на Охридската архиепископија и прогласена МПЦ, именувана како Величка епархија. На 7. Ⅹ 1968 г. на Собор во Ох-рид била преименувана во Дебар-ско-кичевска епархија. Епархијата ја опфаќа територијата на архиерејските намесништва: Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Дебар и Македонски Брод. Во 1979 г. намесништвото Ресен се оддели од Дебарско-кичевската и се присоедини кон Преспанско-пелагониската епархија. Епархијата величка ја раководел Епископот велички Методиј (Ѓорги Попоски) (1967–1968). По една година ја добил титулата Митрополит дебар-ско-кичевски (со седиште во Ох-рид) и ја раководел епархијата сè до неговото упокојување (1976). Една година (1976–1977) администрирал Епископот пелагониски Ангелариј (Цветко Крстески), кој во 1977 г. бил избран за Митрополит дебарско-кичевски и ја раководел епархијата до неговиот избор за Поглавар (18. Ⅷ 1981). Трет Митрополит на Дебарскокичевската епархија е Тимотеј (Славе Јовановски) (од 20. IX 1981), којшто до средината на 1995 г. администрира со Епархијата, но носи титула Австралиски, а од 1995 е со титула Дебарско-кичевски. Епархијата има околу 90.000 православни верници, над 300 цркви и 20 манастири. Најзначајни се црквите „Св. Софија” и „Св. Богородица Перивлепта” и манастирите „Св. Климент и Пантелејмон” на Плаошник, со гробот и моштите на св. Климент, „Св. Наум Охридски”, со гробот на св. Наум, „Св. Јован Богослов Канео”, „Св. Јо-ван Крстител–Бигорски”, „Св. Богородица” – с. Манастирец, Македонски Брод, „Св. Ѓорѓи” – с. Рајчица и др. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000; Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, И–Ⅱ (второ фототипно издание, София,1995); Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987; истиот, Смислата на некои отпори против автокефалијата на Македонската православна црква, Скопје, 1970; истиот, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972. Рат. Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *