ДЕБАРСКИ ЗЕМЈОТРЕС

ДЕБАРСКИ ЗЕМЈОТРЕС (Дебар, 30. XI 1967, во 7 часот и 23 минути) – земјотрес со локална магнитуда од 6,5 и максимален интензитет од IX степени според Европската макросеизмичка ска-ла, со епицентар на територијата на Албанија и серија натамошни потреси (до април 1968). Биле причинети штети во 41 населено место во Македонија и 177 населени места во Албанија, со 7 загинати лица во Македонија, 12 загинати лица во Албанија и вкупно 214 ранети. С. Мл.