ДЕБАРСКА КОТЛИНА – се наоѓа на крајниот западен дел на РМ во поречјето на Црни Дрим и Радика, помеѓу планините Крчин од исток, Стогово од југоисток и Јабланица од запад. Котлината целосно не се наоѓа на територијата на нашата земја, а сообраќајно е доста изолирана. Сообраќајно со другите делови комуницира преку тесните и длабоки клисури на Радика и Црни Дрим. Зафаќа површина од 973 км², од која над 80% Дебарската Котлина, сателитска снимка се наоѓа на надморска височина од 750 до 2.200 м. Дебарската Котлина е настаната со тектонските радијални движења во олигомиоцен со алпското набирање. Таа е спуштена по должината на два раседи со различен правец на протегање: Косоврашки си–јз и Банишкиот сз–ји. По должината на овие два раседи се јавуваат термални извори на кои се изградени двете познати бањи. Во плиоценот котлината била исполнета со вода и претворена во езеро. Дното на котлината претставува брановидна рамнина со височина од 620 – 650 м исполнета со квартерни и плиоцени седименти. Развиена е градската населба Дебар. ЛИТ.: А. Стојмилов, Физичка географија на Р Македонија, ПМФ, Скопје, 2003. Т. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.