ДВОКРИЛЦИ

ДВОКРИЛЦИ (Диптера) – инсекти со два пара крилја. Добро е развиен само предниот пар, кој служи за летање; вториот пар крилја е редуциран во халтери. Усниот апарат е во вид на сурла, погоден за бодење или за лижење. Градниот дел кај овој ред инсекти е јасно одвоен од главата и стомакот. Познати се околу 180.000 видови од кои повеќето имаат широк ареал на распространување. Во Македонија се застапени 606 таксони од кои 12 се ендемични. Редот содржи два подреда кои се разликуваат според напукнувањето на кожичката од зрелите ларви. Кај подредот орторафи (Ортхорапха) кожичката на зрелата ларва пука и се отвора на грбната страна во облик на буквата Т. Тука припаѓаат две групи: комарци (Нематоцера) со долги антени и му-ви (Брацхѕцера) со кратки антени. Во подредот циклорафи (Цѕцлорапха) спаѓаат двокрилци кај кои кожичката на зрелата ларва оцврстува во форма на буре во кое куклата е слободна, но неподвижна. Подобро проучени фамилии двокрилци се: лебдечки муви – осолики муви (Сѕрпхидае); штркли (Табанидае); бумбарици (Бомбѕлиидае); грабливи муви (Асилидае); муви танчарки (Емпидидае); грбави муви (Пхоридае); пчелини вошки (Браулидае); вински мушички (Дросопхилидае); вистински муви (Мусцидае); муви месарки (Сарцопхагидае) и му-ви гасеничарки (Тацхинидае). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Владимир Крпац анд Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23–30; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003, 1–217. В. Т. К. – М. Кр.