ДВАЕСЕТ И ПРВА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ДВАЕСЕТ И ПРВА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (месност широк Дол, Беровско, 19. Ⅹ – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 700 борци – еден баталјон на Четвртата македонска НО бригада, дел борци од Македонската НО бригада „Гоце Делчев” и новопристигнати борци. Била во составот на Педесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ и до конечното ослободување на Македонија дејствувала во Струмичко. По неколкудневното задржување во ослободената Струмица (5–11. XI) добила наредба да го обезбедува граничниот појас кон Грција, а еден баталјон да распореди кај с. Моин (15. XI – првите денови на декември 1944). Тогаш веќе броела 1524 борци (30. XI 1944). Подоцна главнината на Бригадата влегла во состав на реорганизираната Педесетта (македонска) дивизија на НОВЈ, а еден баталјон во Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ. ЛИТ.: Боро Митровски, Борбените дејствија на единиците на НОВ во Струмичкиот регион во периодот септември–ноември 1944 и германската документација во врска со нив, Струмица и Струмичко во НОВ 1943–1945, Струмица, 1983; Д-р Марјан Димитриевски, Македонската војска 1944–1945, Скопје, 1999, 137–138. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *