ДАУТ-ПАшИН АМАМ

ДАУТ-ПАшИН АМАМ (Скопје, ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Подигнат од Даут-паша, румелиски и анадолиски беглербег и голем везир на султанот Бајазит Ⅱ (1481–1512). Двоен амам (имал машки и женски дел), со површина од 900 м². Реставриран е повеќепати, при што изгубил доста од својата оригиналност. Денес во него се наоѓа уметничка галерија. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи–Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Салих Асим, Историја на Скопје и неговата околина. Превод и коментари д-р Драги Ѓоргиев, Скопје, 2005; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османл› Мимар› Есерлери. Ѕугославѕа, ллл цилд, 3. китаб, šстанбул, 1981. Др. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *