ДАУТОВСКИ, Драган

ДАУТОВСКИ, Драган (с. Русиново, Беровско, 21. XI 1957) – свирач на народни инструменти и ав-тор. Го оформи (1992) Оркестарот од народни инструменти „Миле Коларовски”, со кој разви голема концертна активност. Подоцна е еден од втемелувачите на групата „Синтезис”. На крајот од деведесеттите години на ⅩⅩ в. го оформи квартетот Драган Даутовски, со кој одржа голем број концерти низ целиот свет (Холандија, Русија, Италија, Португалија, Германија итн.). Пројави обемна авторска активност (меѓу другото, има партиципирано во музиката за филмот „Пред дождот”), во која значајно место зазема соработката со ансамблот „Танец”, за која направи музичка обработка за неколку кореографии („Џамала”, „Водичарки” и др.). Пишува и музика за драми („Македонска приказна”, „Јонадаб”, „Писание” и др.). Професор е на Факултетот за музичка уметност во Скопје. М. Кол.