ДАСАРЕТИ

ДАСАРЕТИ – древно племе од Горна Македонија (сп. Полибиј), кое го населувало Охридскострушкиот регион. Во римско време преовладало името Дасарети наместо претходното име на племето Енгелани (сп. Страбон). Континуитетот во културата е потврден од наодите во некрополата на с. Требеништа од крајот на Ⅶ до Ⅳ/Ⅲ в. пр.н.е. (во Требеништа/Горенци се пронајдени две златни посмртни маски од крајот на Ⅵ в. пр.н.е. и др. наоди што сведочат за гробови на месните владетели). ЛИТ.: Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *