ДАРЛЕВ, Ристо

ДАРЛЕВ, Ристо (Костурино, Струмичко, 1952) – борач во слободен Ристо Дарлев стил во категоријата до 57 кг. Бил член на БК „Спартак“ од Кочани, БК „Скопје“ и БК „Вардар“ од Скопје. 12 години бил репрезентативец на СФРЈ. На Медитеранските игри во Измир (1971) бил втор, во Сплит (1977) шампион, во Алжир (1975) трет. На Европското првенство во Катовице, Полска (1972) го освоил 8. место, а во Бурса (1977) петтото. На Европското младинско првенство во Хвар (1972) бил трет, а на Турнирот на олимписките надежи во Солун (1972) втор. На Олимписките игри во Минхен (1972) бил единаесетти, а во Монтреал (1976) десетти. Настапил и на 4 светски првенства – со највисок пласман во Минск (1975) шести и во Лозана (1977) десетти. Исто така, бил шампион на СФРЈ (1976) и шампион на Балканот (1976). На Универзитетските игри во Софија (1977) го освоил петтото место. Со својот матичен клуб „Спартак“ го освоил второто место во Купот на европските клупски шампиони (1976). Член е на клубот на великаните на МОК. ЛИТ.: Д-р Душан Станимировиќ, Спорт-ски шампиони. Избор на најдобрите во Македонија 1954-2004, Скопје, 2005, 48, 55, 56. С. Мл.