ДАРВАР, Димитрие

ДАРВАР, Димитрие (Клисура, 1757 – Виена, 1823) – учител, филолог. Автор е на поучни и прирачни книги и преведувач на книги од грчки на славјански и од германски на грчки јазик. Од 1769 г. со своето богато семејство живеел во Земун. Се школувал во Земун, Рума, Нови Сад, Букурешт, Хале и Лајпциг. Знаел грчки, словенски, латински, германски и романски и можеби унгарски. Работел како приватен учител, а потоа во грчката школа во Земун и во Виена. Објавил: „Благонравие или Книжица ко украшен%Ѓ нравов„…” преведена „Сљ еллинскаго на славенск%ј д%алектљ…”, 1786 г. во Виена, и „Зерцџло хр%ст%џнское …” преведена „сљ Гре=ескаго на Славенск%ј Џзѕкљ”, во Будим 1801 г. Бил приврзаник на идеите на Рига од Фере. ЛИТ.: Милка Здравева, Видни личности од Македонија во австриските земји во ⅩⅤⅠⅠⅠ и првата половина на ⅩⅠⅩ век, „Гласник” на ИНИ, 44, 1, Скопје, 2000. М. Здр.